Во Делчево одбележан Европскиот ден на борба против трговија со луѓе

Црвениот крст и оваа година се вклучува во одбележување на 18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе со организирање на превентивни активности за врсничка едукација на младата популација преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст.

По повод денот ООЦК Делчево во соработка со РЦ за ГР – Исток и инспектор Виолета Илиевска во просториите на општинската органозација одржа едукативно превентивна работилница на тема ,,Трговија со луѓе” за членовите на Клубот на млади при ООЦК Делчево.

Со оваа работилница на младите се едуцираа дека трговијата со луѓе е сериозен општествен проблем и претставува најтешка форма на кршење на основните човекови права – правото на живот, на слободно движење, на слобода на избор и други права и слободи.

Трговијата со луѓе е проблем кој бара заеднички пристап за негово сузбивање и вложување на заеднички напори од соодветните релевантни институции.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*