
На денешната, прва форумска сесија, од буџетскиот форум, која се одржа во големата сала на Општина Берово, граѓаните имаа можност, да видат како се креира Буџетот на Општина Берово и како се прибираат приходите во Буџетот.
Од страна на преставникот од Одделението за финансиски прашања при Општина Берово, Татјанка Муртовска, беше презентирана приходната страна на Буџетот и начинот на кој приходите понатаму се распределуваат.

Околу 50 граѓани, преставници од месните заедници и од институциите на локално ниво и сите кои изразија желба за учество, имаа можност да дадат свој предлог, за тоа како можат да се максимизираат приходите, но, и предлог, кој понатаму ќе се разработува, и ќе биде дел од Програмите за 2023 година.
Модераторот на форумот, Васка Драшковиќ, на сите присутни им даде можност, во рамките на своите работни групи , да го кажат своето мислење, да дадат предлог и со тоа дирекно да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Берово, за 2023 година.

Веќе на следната сесија, граѓаните ќе имаат дирекна можност, да дадат свој предлог, кој во иднина би можел да влезе во одредена програма, се разбира доколку нема никакви пречки за реализација на истиот.
Програмата „Форуми во заедницата“ е десет годишен проект, што обезбедува партиципативна платформа за развој, чија цел е промовирање и унапредување на доброто владеење и демократија на локално ниво, преку давање поддршка на локалните власти и администрацијата, во зголемувањето на нивната транспарентност и отчетност кон заедницата, и овозможување активно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки во нивната општина.

Leave a Reply