По пауза од 5 години возобновен Меѓународниот фестивал за хумор, сатира и карикатура „Пијанец 2022“

Во Делчево по пауза од 5 години возобновен Меѓународниот фестивал за хумор, сатира и карикатура „Пијанец 2022“. Настанот под мотото „Случајнот е намерно“ се одржа во организација на НУ Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“.

-Горд сум што после 5 години го возбоновивме фестивалот и се надевам дека од година во година ќе расте и ќе прерасне во еден од поголемите Меѓународни фестивали на карикатура и афоризам, истакна директорот на Центарот за култура Методи Толевски.

Афористичарот Миле Ѓорѓијоски на чија иницијатива пред 10 години фестивалот за прв пат се организираше е горд што и покрај паузата од 5 години, публиката со своето присуство покажала дека фестивалот ќе продолжи да живее.

-Изненадени сме од бројноста и добриот прием на публиката на афоризмите кои ги кажуваа моите колеги. Мислам дека сме на вистински пат фестивалот за карикатура и афоризам да биде еден од водечките во регионот, рече Ѓорѓијоски.

На настанот настапија познати афористичари од неколку градови во Македонија, а во рамки на фестивалот беа изложени карикатури од младиот ликовен уметник Софија Ситновска. Пред присутните афоризми читаа членови на некогашното Експериментално театарче, а на крај од настанот организаторите доделија благодарници за дел од афористичарите учесници и поддржувачи на фестивалот. 

Меѓунардниот фестивал за хумор, сатира и кариактура финансиски е поддржан од Министерството за култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*