СДСМ во Делчево продолжи со серијата граѓански трибини, „Силно и одлучно кон иднината”

СДСМ во Делчево продолжи  со серијата граѓански трибини, „Силно и одлучно кон иднината” на кои отворено се разговара за мерките и политиките на СДСМ. Претседателот на владејачката партија Димитар Ковачевски, пред делчевчани ги презентираше досегашните преземени мерки, идните политики, како и концептот за визијата и иднината на Северна Македонија.
Државотворните одлуки носат придобвки за граѓаните и граѓаните може да ги видат и да ги почувствуваат, рече на денешната трибина Силно и одлучно кон иднината“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-Донесовме тешки, но државнички одлуки. Придобивките од тие државнички одлуки сега сите ние, целата јавност, сите граѓани може да ги видат, да ги почувствуваат.Нема потреба да се навраќам многу наназад, само во изминатите 5 дена ќе споменам неколку важни работи за овие придобивки. Од Европската Унија добивме силна финансиска поддршка за справување со енергетската криза.  Првата транша е во износ од 80 милиони евра, кои ќе ги подигнеме на почеток на наредната година. Дополнително, Северна Македонија ќе биде вклучена во зедничката набавка на гас и енергенси на ниво на Европската унија. Исклучително важно во време на глобална енергетска криза, рече претседателот Ковачевски.
Македонскиот јазик го обезбедивме, се изборивме за македонскиот јазик и идентитет да бидат признаени и потврдени во ЕУ. Еднаш, засекогаш, додаде Ковачевски.
-Историски исчекор направивме, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со  Европската унија на официјален македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и додавки и без никакви други појаснувања. Тоа го ветив и тоа го исполнив.   Македонскиот јазик го идзигнавме на исто рамниште со сите јазици во Европската унија. Ете тоа се европски вредности, тоа се вистински одлуки, тоа е вистински патриотизам. Тоа е СДСМ и се што значат овие 4 букви., рече во обраќањето претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Делчево.

На трибината свое обраќање имаа и претседателот на ОО на СДСМ, Влатко Величковски и актуелниот градоначалник Горан Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*