
Вчера беше одигран натпреварот помеѓу екипите на РК Јуниор Кисела Вода и РК Пролет (25:34) во 11то коло од Суперлигата.

Најефикасен стрелец од домашната екипа беше ракометарот од Делчево, Филип Петровски, кој оваа сезона има постигнато 39 гола и игра во одлична форма.

Својата кариера ја започна во екипата на Брегалница плус од Делчево, подоцна се пресели во РК Металург, а од пред две сезони го носи дресот на РК Јуниор Кисела Вода, клуб кој од оваа сезона се натпреварува во Супер лигата.

Му посакуваме многу среќа на нашиот талентиран ракометар, чиј талент се надеваме ќе биде препознаен и од страна на селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.
Leave a Reply