
Во Делчево одржана работилница на тема „Заштита на авторските права на интернет и предизвиците на авторското право во време на забрзана дигитализација и модерните технологии“. Предавањето се одржа во читалната на Јавната локална библиотека „Илинден“ која го организираше настанот во соработка со магистрантот по авторско право Катерина Антовска.
-На предавањето покрај другите, присуствуваа и ученици од Средното општинско училиште „М.М.Брицо“, затоа што младите се тие кои најчесто се на социјалните мрежи. Тие се соочени со предизвикот да се соочат со притисокот со кој се соочени на социјалните мрежи. тука се наметнува и прашањето околу коментарите на социјалните мрежи кои можат да влијаат врз самите млади личности, рече директорката на библиотеката Биљана Петровска.
За предавачот Катерина Антовска радува фактот што многу млади луѓе покажале интерес за предавањето, на кое сите добиле можност да ги споделат своите искуства на споменатата тема.
-Младите треба да знаат дека имаат свои права, затоа ги запознаваме со нивните права и она на што тие треба да внимаваат. Треба да знаат за својата одговорност кога пристапуваат на интернет, да знаат што прават. чии права повредуваат но и да знаат како да се заштитат, рече Антовска.
Околу заштитата на самите автори и нивните објави на социјалните мрежи, како што додаде делчевскиот магистрант, се уште треба да се работи на подигање на свеста кај сите кои ја користат интернет мрежата.
-Наше е постојано да апелираме, работите да се променат, да ја кренеме свеста за потребата од посилна регулација на авторското право, односно безбедување посилна правна рамка која ќе обезбеди безбеден трансфер на податоци, безбедно битисување на самите автори и нивните дела на интернет мрежата која ние секојдневно многу ја користиме, додаде Антовска.
Настанот беше поддржан од Комисијата за еднакви можности (КЕМ) при Општина Делчево:
Во продолжение изјавите на Петровска и Антовска:
Leave a Reply