
Во Делчево одржана едукативна работилница во рамки на проектот „Побезбедни и поздрави на работа – подготовка на идните
работници за здрави и сигурни работни места“. Проектот го спроведува Регионалниот центар за застапување од Делчево и истиот е финансиран од Европската Унија.
-Ова е трет во низа проект кој РЦЗ го реализира на темата. Овојпат за првпат се опфатени младите како целна група, од сите училишта во Делчево бидејќи сметаме дека се значајни ,особено што во нашиот регион уште додека се во образовен процес почнуваат да работат сезонски или во нерегулиран работен однос. Идејата е да ги подготвиме и информираме за сите постапки што треба да ги знаат за да бидат пред се заштитени согласно нивните права, а потоа и безбедни. во таа насока учениците добија детални информации од стручно лице адвокат, истакна координаторот на проектот Родне Деолска.

Учесниците на работилницата како што додаде покажале голем интерес за темата, а заедно со лицата задолжени за БЗР во училиштата се дискутираше за поголема заштита и иницијативи за регулирање на работните односи во кои се вклучени младите пред полнолетство.
Додека трае проектот до јуни наредната година ќе се организираат уште неколку активности за јакнење капацитети и подигнување на јавната свест за темата во регионот, додаде координаторката на проектот.
Пред три години РЦЗ формираше и Регионална мрежа и регионален центар за БЗР со стручни лица од областа кои им нудат помош и информации за сите граѓани кои се соочуваат со проблеми на работа или се во процес на судска постапка поради некоја повреда на нивните работнички права.

Leave a Reply