
Од денеска на сила е забрана за риболов на Калиманско Езеро. Освен за езерото Калиманци забраната за риболов ги вклучува Каменичка река и река Брегалница од уливот дo месноста Биглански мост.
-Забраната за риболов е поради повеќекратно порибување на водите на Калиманско езеро. За престанок на забраната за риболов, риболовците ќе бидат дополнително известени, информираа од риболовното здружение „Шаран“ од Македонска Каменица.
Во периодот на забрана, од здружението посочија дека контролата ќе биде засилена, а секое непочитување на забраната ќе биде санкционирано.
Leave a Reply