Клубска акција за искачување на врв Острец на ПСК ,,Голак”

Искачен врв Острец на 1034 м.н.в. на Осоговските планини кој е дел од делчевската област Пијанец.
Акцијата се реализираше денес од страна ПСК ,,ГОЛАК” Делчево и како што истакна претседателот на клубот Љупчо Чучуковски претставува клубска акција со следната кружна маршута:

-Град ДЕЛЧЕВО (од населбата МИЛКОВО БРДО 603 м.н.в.) – Стар пат 800 м.н.в. – ВРВ ОСТРЕЦ 1034 м.н.в. – Брезеска Ридина 890 м.н.в. – Приградско село ГАБРОВО 650 м.н.в. – Град ДЕЛЧЕВО 595 м.н.в. во вкупна должина од 15 км.

Врв ОСТРЕЦ е првиот врв од каде започнуваат Осоговските планини, под кој во негова близина се наоѓа лековитата Смрдлива вода, која е речиси непозната на пошироката јавност.


Врв под кој од неговата северо-источна страна извира река Црварица (една од реките кои ја формираат река Габровчица), од неговата источна страна извира река Стубело (една од реките кои ја формираат река Габровчица), додека од неговата северо-западна страна извира Бела река.
Врв под кој тече река Црварица која ги оделува Осоговските планини од планината Влаина.

Еден преубаво поминат позитивен есенски ден како што додаде Чучуковски со свежи температури и со максимално позитивни членови на Клубот, за што посебно им се заблагодари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*