Започна изградбата на фотоволтаична централа во делчевската гимназија

smart

Денес започна изградбата на фотоволтаична централа во СОУ „М.М.Брицо“. Инвестицијата за инсталирање на фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од сончева енергија е вредна 1,1 милион денари и е обезбедена преку проектот на ФООМ за пилотирање соларни панели во училиштата во Македонија.

Ова е значајна инвестиција и во време на енергетска криза, ќе донесе намалени трошоци за електрична енергија за средното општинско училиште, средства кои потоа можат да се искористат за други потреби на училиштето, истакнаа од СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*