
Центарот за одржливи практики Природна Перспектива од Делчево заедно со здружението „Надежда за нас“ од Р. Бугарија официјално го започнаа новиот проект Транс Зелена Инспирација (TransGreen Inspiration). Проектот е поддржан од програмата „Еразмус+“ за партнерства од мал обем.
-Проектот е во рамки на партнерствата под Клучна акција 2 од оваа програма, во чии рамки се предвидени неколку последователни активности на кои ќе се здобиеме со знаења и вештини од областа на социјалното претприемништво, се вели во објавата на Природна Перспектива на нивниот фејсбук профил.

Во наредниот период им претстојат обуки за тренери по социјално претприемништво и обуки за млади заинтересирани лица од 18 до 29 години и лица со помалку можности.

-На овие обуки е предвидено да се запознаеме подлабоко, со тоа што е социјално претприемништво и како може да го насочиме во насока на заштита на животната средина и подобрување на животот на младите и социјално ранливите категории, додадоа од Центарот за одржливи практики.
Центарот во соработка со повеќе здруженија од Република Бугарија досега има спроведено неколку трансгранични проекти поддржани од Еразмус + програмата.
Линк до оригиналната објава ТУКА

Leave a Reply