Во Пехчево спроведен форум за креирање на Буџет за 2023 година

Општина Пехчево спроведе буџетски форум за креирање на буџетот на Општина Пехчево за 2023 година, кој овозможува директно учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, транспарентно и отчетно работење на општинската администрација и зголемување на довербата во локалната самоуправа.

-Целта на буџетскиот форум е, граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози и идеи да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година во рамките на приоритетите за развој на општината за наредната година. Имено на граѓаните им се нуди можност да учествуваат во предлагањето на нови извори на приходи и да даваат насоки за приоритетните програми и проекти во согласност со нивното значење за целата локална заедница, а кои локалната самоуправа треба да ги има во предвид при изработката на буџетските трошоци за наредната година, се вели во информацијата на фејсбук профилот на градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.

Општина Пехчево со одржувањето на буџетскиот форум според Китански покажала високо ниво на транспарентност и отчетност пред своите граѓани, сметајќи дека ова е одлична можност да се изготви буџет во согласност со потребите и приоритетите на граѓаните.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*