Нова опрема од Швајцарија за ТППЕ Делчево

Делчевските пожарникари добија швајцарска донација од опрема за справување со пожари на објекти и отворен простор. Донацијата како што истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски значително ќе придонесе во опременоста и надградбата на капацитетите на делчевските пожарникари.

-Изразувам благодарност на Service du feu -Chardonne, од Швајцарија за донацијата на две скалила за гасење пожари високи по 22 метри и моторна пумпа со голема моќност за испуштање вода при поплави, истакна Трајковски.

Донацијата како што додаде се реализира во соработка со наши иселеници од Швајцарија во чија посета деновиве престојуваше општинска делегација.

-Посебна благодарност изразувам до нашиот иселеник во Швајцарија, Валери за неговата посветеност во оваа донација. Со нашите пријатели од Швајцарија разговаравме и за идната соработка, за нови донации и за обуки на делчевските пожарникари кои ќе придонесат за стручна надградба на капацитетите на пожарникарите, но и за можна идна соработка во други општествени сфери, додаде Трајковски.

Ова е втора странска донација за Територијалната противпожарна единица од Делчево. Претходно делчевските пожарникари добија донација од доброволното противпожарно друштво од словенечкиот град Чрномељ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*