
По повод 3 Декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост Форумот на Жени на ОО СДСМ Делчево беше во посета на Дневниот Центар за лица со попреченост.
-Додека размислуваме за подобра иднина за секое дете, на овогодинешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост мораме да се запрашаме што може општеството да стори за да обезбеди сите деца – без оглед на нивните способности – да имаат еднакви појдовни основи за постигнување на своите целосни потенцијали, истакнаа од Форумот на жени.
Децата со попреченост во себе носат можност за среќен и содржаен живот, витално учество во заедницата и придонес во градењето инклузивно и одржливо општество.
Едно општество не може да биде правично ако не се вклучени сите деца, а децата со попреченост не може да бидат вклучени ако не се промени нивната околина на начин што го овозможува и го поддржува нивно учество.
Затоа што сите сме исти, да бидеме секогаш тука за сите лица со попреченост, заедно да работиме, твориме, да ги поодржиме и мотивраме, секој ден, а не само на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Насмевка, љубов, чиста емоција , тоа е она што ние го добиваме од секое дете со попреченост, да им вратиме на истиот начин секој ден.
Ви благодариме од Срце за убавите моменти, додадоа од Форумот на жени по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост и нивната посета на Дневниот центар во Делчево.








Leave a Reply