
По проект на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” во Делчево се одржа Ликовна работилница на тема ,,Новогодишна магија”. Работилницата се реализира во соработка со Ликовното студио ,,Љубомир Белогаски” и стручниот соработник Александар Белогаски, а свој придонес во реализација на активноста дадоа Јавната локална библиотека „Илинден” и Дневниот центар за лица со посебни потреби од Делчево.
Како што додаде новоназначениот в.д директор на установата Љупчо Петровски, овие проекти се реализираат со поддршка од Министерството за култура.
-Еве денес како прво сакам да им го честитам 3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Ние веќе трета година со поддршка на Министерството добиваме проекти кои се поврзани со лицата со посебни потреби со цел нивна ангажираност во социјалниот живот. Значи ова е Ликовна работилница за лицата со посебни потреби со поддршка на Министерството за култура, значи нашиот стручен соработник уметникот Александар Белогаски со уленици од гимназијата, со уметникот Благој Милчевски ќе можат на децата со попреченост да им дадат некои оснивни сознанија како се црта, како се цртаа ликовни творби на платно и самите деца ќе можат да направат своја проектна активност и ќе сликаат нешто што го замислиле со помош на раководителот и членовите на Ликовното студио Белогаски, рече Петровски.
Според в.д директорот Љупчо Петровски лицата со попреченост треба секојдневно да бидат вклучени во вакви и слични актовности.
-Не треба да им се дава само еден ден туку сите денови треба да бидат вклучени во активности заедно со другите личности. И во оваа прилика сакам да кажам дека уште многу проекти треба да се прават со ваква содржина за да може да им помогнеме на овие лица. Во оваа прилика се заблагодарувам на раководителот на Дневниот центар, Александар Николов кои со години работат за подобрување на социјалната згриженост на овие лица и е од голема помош за градот Делчево. Исто така благодарност до ЈЛБ ,,Илинден” кои со доелување награди директно се вклучи во самиот проект и тие еве покажаа солидарност кон самите деца и Центарот за култура дека докажуваме заедно со заедничка активност можеме да придонесеме отколку секој самостојно за себез додаде Петровски.

-Со реализирањето на овој настан сакаме да потенцираме повторно дека на лицата со посебни потреби не треба да им посветуваме внимание само на трети декември, туку секој ден, затоа што ние токму од нив секој ден учиме што е љубов, среќа и како да му се радуваме на животот, истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Александар Белогаски, стручен соработник за Ликовна дејност при НУ Центар за култура ,,Н.Ј.Вапцаров” додаде дека во активноста учествуваа и други уметници од Ликовното студио.
-Денеска организиравме Ликовна работилница во нашето атеље ,,Љубомир Белогаски” каде нашите деца од нашето атеље заедбо со лицата со посебни потреби организиравме работилница на тема зимски пејзаж и Нова година поточно ,,Новогодишна магија” со цел и тие да бидат дел од општествените случувања. Се црта во техниката акрил на платно и уље на платно на новогодишна тема во пресрет на Новогодишните празници. После ликовната работилница делата ќе бидат изложени во просторот кој го користат Центарот за култура и Јавната библиотека по што ќе бидат донирани за Дневниот центар за лица со посебни потреби, додаде Белогаски.

На крај од настанот за учесниците во работилницата од страна на организаторот какп и ЈЛБ ,,Илинден” беа доделени благодарници како и пригодни подароци.
Во продолжение комплетните изјави и поопширен видео материјал од настанот.
Leave a Reply