Потпишан договор за втората фаза од уредувањето на рекреативен центар во туристичка населба Равна Река

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански потпиша договор со директорката на Центарот за развој на Источен плански регион, Зујица Ангелова, за заедничка реализација на проект „Уредување на рекреативен центар во туристичка населба Равна Река – II фаза“.

Договорот е во вредност од 6.118.772,00 денари, средства обезбедени од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Со потпишувањето на овој договор се обезбедени средства за целосна реализација на предвидениот проект и проектните активности согласно динамиката се предвидува да бидат завршени до крајот на месец јули 2023 година, се вели во информацијата објавена од пехчевскиот градоначалник Александар Китански.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*