
Во Берово продолжуваат активностите за подобрување на патната инфраструктура во селските средини, како дел од проектот „Македонија без кал“. Од Општината информираа дека, како дел од овој проект се подготвува план за асфалтирање на улица „Илинденска“ во селото Ратево.
-По успешната реализација на асфалтирање на главната улица во село Двориште преку проектот „Македонија без кал“, Општина Берово поднесе апликација за реконструкциија на улица Илинденска во село Ратево. За таа цел консултантите од Mott Macdonald го посетија село Ратево со цел проверка на фактичката ситуација на терен во однос на проектната документација, со цел проектот да премине во следна фаза, информираа од Општината.

Градоначалникот на Берово, Звнко Пекевски додаде дека проектот е од особено значење за самите жители, бидејки со негова реализација во голема мера ќе се решат дел од проблемите со патната инфраструктура во Ратево.

-Работиме транспаремтно и отчетно, реализираме проект по проект постојано и систематски, со цел унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани на Општина Берово, додаде Пекевски.
Претходно во рамки на проектот „Македонија без кал“ со финансиски средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски во висина од 400.000 евра, во село Двориште се асфалтираше локален пат во должина од 3300 метри.
Leave a Reply