Поради фалсификат документи албански државјанин приведен на ГП Делчево

Албански државјанин приведен на граничниот премин Делчево поради фалсификувани лични документи. При пасошка контрола патната исправа што ја приложил Л.М.(53) од Република Албанија

била фалсификувана, по што полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Делчево го лишиле од слобода 

-На 16.12.2022 во 12.00 часот на граничен премин Делчево, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Делчево го лишиле од слобода Л.М.(53) од Република Албанија затоа што 

при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа што ја приложил била фалсификувана. Исто така, при преглед кај него и во возилото во кое се превезувал, во багажот биле пронајдени фалсификувани италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола на негово име, како и оригинална лична карта на лице од Италија, се вели во информацијата од делчевската полиција.

По извршениот службен разговор во полициска станица, приведеното лице  признало дека документите се фалсификувани и дека ги набавил од лице од Албанија за одредена сума на пари. 

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*