
Со освоен бронзен медал на Божиќниот турнир во Пловдив, Р.Бугарија Кик-боксинг клубот ,,АС” од Делчево успешно ја завршува годината.
На овој турнир поради недостиг од финансиски средства (иако добиле финансики средства од делчевскиот Совет, истите не ги добиле) учество зеде само еден натпреварувач, Павел Стојчевски кој настапи во дисциплината лоу-кик помлади јуниори во која го освои бронзеното одличје.
Тренерот на делчевскиот клуб Љупчо Стојчевски кој настапи како судија на тунирот, од страна на организаторот доби признание за развој и соработка во кик-боксинг спортот на овие простори.
На турнирот настапија 354 учесници од вкупно 6 земји.






Leave a Reply