
Во Делчево пристигна швајцарската донација од опрема наменета за Територијалната противпожарна единица за справување со пожари на објекти и отворен простор.
Донацијата како што информираше Лоренцо Трајановски, вработен во единицата, значително ќе придонесе во опременоста и надградбата на капацитетите на делчевските пожарникари.
-Изразувам благодарност на Service du feu -Chardonne, од Швајцарија за донацијата на две скалила за гасење пожари високи по 22 метри и моторна пумпа со голема моќност за испуштање вода при поплави.
Посебна благодарност изразувам до нашиот иселеник во Швајцарија, Валери Коларски за неговата посветеност во оваа донација рече Трајановски.

Претходно делегација од Општина Делчево на чело со градоначалникот Горан Трајковски реализираа посета на швајцарската област, каде заедно со донаторите се разговарало и за идната соработка, за нови донации и за обуки на делчевските пожарникари, кои ќе придонесат за стручна надградба на капацитетите на пожарникарите.
Претходно делчевските пожарникари добија донација од доброволното противпожарно друштво од словенечкиот град Чрномељ.


Leave a Reply