
Во Македонска Каменица во тек активности за разубавување на приградските средини и централното градско подрачје. Активностите ги изведуваат екипи на Јавното претпријатие ,,Камена Река” а истите како што информираат оттаму опфаќаат поширок спектар на комуналну услуги.
-Во тек е акција за подобрување на изгледот на урбаната градска средина и креирање на поквалитетни услови за живот на жителите од приградските средини на Македонска Каменица. Меѓу активностите ќе ги напоменеме хортикултурното уредување на јавните простори, кроењето и поткастрување на крошните од листопадните дрвја во централното градско подрачје, информираа од претпријатието.
Реализацијата на наведените и спроведувањето на останатите планирани активности, со несмален интензитет како што најавија оттаму ќе продолжат и во наредниот период.
-Активностите ќе ги реализираме во зависност од временските услови и можноста за работа на отворено при зимски услови, додадоа од ЈП ,,Камена Река”.
Периодот како што додадоа се поставува и улично осветлување за потребите на жителите од приградската населба Сарафско маало во Македонска Каменица
Leave a Reply