
Со положување на цвеќе пред споменикот на Даме Груев, одбележана годишнината од смртта на македонскиот револуционер кој пред 116 години загина на планината Петлец во беровско Русиново.
Свежо цвеќе пред споменикот на револуционерот положија градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и претставници на општинската администрација, а пред присутните беше прочитан реферат за неговиот живот и дело.
Пекевски пред присутните истакна дека
Берово и Русиново е гордо на минатото и на имињата кои се запишаа како симбол на слободата, а меѓу нив и великанот Груев.
Големиот македонски револуционер Даме Груев, загинува на 23 декември 1906 година, во борба кај месноста Петлец, близу с. Русиново. Водејќи се од девизата ,,Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај”, Даме Груев е запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и најистакнати членови на Македонската револуционерна организација.

Leave a Reply