
Во Берово почна постапката за изработка на Детален урбанистички план за туристичката населба Абланица. За таа цел како што информираа од Општината се одржа средба со заинтересирани граѓани, кои се запознаа со реализација на предвидените активности, кои ќе следуваат во наредниот период.
-На средбата донесен е заклучок за утврдување на динамиката за отпочнување на постапка за урбанизација на туристичка населба Абланица. Притоа утврдени се приоритети од комуналната инфраструктура (канализација и водоснабдување) како и за уредување на населбата, информираа од Општината.
Меѓу главните заклучоци како што додадоа разгледани биле и можностите за изградба на пат, Берово- Црвен Брег- Абланица.

-Она што е следно е обврската до 28.02.2023 од страна на сопствениците на имот, кои треба да извршат увид, во Одделението за урбанизам, со цел да се утврди опфатот на планот, додадоа од Општината.
По реализација на овие активности најавија продолжување со проширување на урбанистичкиот опфат и подобрување на животот на сите граѓани.
Leave a Reply