Советот на Општина Берово го усвои Буџетот за 2023 година

Советот на Општина Берово го усвои Буџетот за 2023 година. Вкупниот Буџет за следната година е проектиран на сума од 339,7 милиони денари, сума кој според градоначалникот Звонко Пекевски ќе донесе финансиска стабилност на општината.

Беровскиот градоначалник упати благодарност до советниците кои согласно законски предвидениот рок, до 31.12.2022 година, го донесоа Буџетот на Општинатa за 2023 година. 

-Буџетот сам по себе значи финансиска стабилност и секако како можност за се она што е предвидено во Програмите да биде реализирано. Сето тоа верувам дека ќе биде остварено со силна поддршка на сите чинители, градоначалник, општинска администрација, Совет на општина се во интерс на граѓаните. Користам прилика на сите граѓани, да им посакам добро здравје, лична и семејна среќа, за да можеме заеднички да ја пребродиме оваа криза и верувам дека наредната 2023, ќе биде подобра од претходната и инвестиционо посилна, рече Пекевски.

Буџетот беше изгласан со 8 гласа ,,ЗА” и 7 воздржани советници во рамки на 21-та Седница на Совет на Општина Берово.

-Буџетот е изготвен, водејќи се од начелото на почитување на принципот на Буџетска дисциплина и транспарентност и може да се каже дека Буџетот на Општина Берово за 2023 година, е развоен. Буџетот на Општина Берово, за 2023 година, содржи реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина и противпожарна заштита, беше истакнато во образложението пред советниците.

Претседателката на Совет на општина Берово, Марија Буровска упати голема благодарност до сите 15 советници, за работата во советот во 2022 година и за донесувањето на Буџетот на Општина Берово за 2023 година. 

-Расправата беше отворена, имавме од Претседателот на Комисијата за финансии и Буџет, кратка информација,  за сето она што е разлика од претходната година, имамвме поставени прашања од координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, сите прашања беа одговорени од страна на градоначалникот, така да на крај поминавме кон гласање. Честитки за донесениот Буџет и голема благодарност до советниците, за сите донесени важни одлуки, за работата на Општина Берово за 2023 година, речњ Буровска. 

Од име на Советот на Општината упати честитки по повод новогодишните и божиќните празници, до сите граѓани на општина Берово, со желби за здравје, среќа и напредок во Новата 2023 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*