Делчевската гимназија по втор пат е добитник на проектот во рамките на Суперучилишта

Средното општинско училиште , Методи Митевски – Брицо” по втор пат е добитник на проектот во рамките на Суперучилишта. Проектот е високо рангиран меѓу останатите поднесени апликации и конечно е одобрен за финансирање од страна на Управниот Одбор на Канцеларијата за Регионална Младинска Соработка RYCO и Германска организација за меѓународна соработка GIZ. Програмата има за цел подржување на процесот на помирување и градење на мирот, како и процесот на меѓукултурен дијалог помеѓу училиштата преку младински размени.

Во изминатата учебна, тековно календарска година, имплементиран е првиот циклус на рамени со партнерското училиште Средња Стручна Школа, Пирот, во кој наставници и 10 ученици од СОУ Методи Митевски – Брицо успешно ја реализираа проектната цел. Од позитивните резултати и одличната соработка помеѓу двете училишта, се продолжува со понатамошен развој на проектот во областа на долгорочно партнерство.

Се планира посета на партнерското училиште од Пирот во второто полугодие а на СОУ М. М. Брицо за неколку месеци подоцна каде ќе биде завршниот дел од имплементацијата.

И двете училишта покажуваат особена спремност во поглед на претстојниот период и доследно претставување на мисијата на донаторите како и на самите училишта со својата целосна посветеност за развој на регионот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*