
Меѓуопштинската соработка со Општина Пехчево, предновогодишно, резултираше со заеднички подарок за децата, корисници на услугите во Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, во Берово, истакна градоначалникот на Берово , Звонко Пекевски при вчерашната посета која ја реализираше со својот колега Александар Китански.
-Денеска, заедно со градоначалникот на Пехчево, подаривме машина за миење садови, за потебите на децата во дневниот центар. Секоја година, традиционално, новогодишните празници ги користиме да ги посетиме, да им посакаме добро здравје, многу среќа и среќни празници. Годинава одлучивме тоа да го направиме на поинаков начин и наместо пакетчиња, да им подариме машина за миење садови, рече Пекевски.
Изрази надеж дека истата, ќе им помогне и на децата и на вработените, во обавување на секојдневните обврски.
На сите деца им посака да бидат здрави и среќни, весело да ги поминат празниците, а двете општини заеднички да продолжат сo напредокот, во градењето на едно општество за сите.

Leave a Reply