Делчевка автор на една од најпродаваните книги за 2022, отсега достапна и во ЈЛБ ,,Илинден”

“Prototyping tenderness: a personal log of a dying world” на авторот Клелија Живковиќ е една од најпродаваните книги за 2022 година. Книгата веќе ја има на полиците на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево.

-Чест ни е како библиотека, што пред нашите читатели можеме да го промовираме ова дело, како дело од наш роднокраен автор. Семејните корени на Клелија се од Делчево, таа своето детство го има поминато тука во нашиот град. Таа е уметник во развој, сеуште непознат, но многу амбициозен и надежен. Насловот на книгата несекојдневен,по малку чуден и апстрактен, заради поврзувањето на нежноста со светот кој умира. Што се обидува авторот да ни каже преку свото дело? Да допре до себе, до секој читател, па дури и до оние најголемии скептици, кои кон светот, природата и уметноста, се однесуваат со непочитување и без нежност.Секој збор во книгата е осмислен, избран внимателно, научен во филозофски но над се во уметнички контекст, истакнаа од библиотеката.

Доколку и вие сакате да се почитува природата, да се намали себичноста и лакомоста, морате да ја прочитате книгата, додаваат оттаму.

“Prototyping tenderness: a personal log of a dying world” е пишувана на англиски јазик. Достапна е до сите наши читатели.
На Клелија од име на ЈЛБ „Илинден“ и посакуваме уште многу успеси исто како овој – најпродавана книга на годината, уште многу нови наслови и нови промоции, подвлекоа од делчевската библиотека.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*