Зајакнување на капацитетите за зголемување на безбедноста во сообраќајот во Делчево

Општина Делчево е една од петте пилот- општини во државата, каде ќе се имплементира проект за подобрување на капацитетите за управување на сообраќајот и операционализација на институционални промени. Проектот се спроведува од Министерството за транспорт и врски и Конзорциумот PLANET-CA, Грција и SUEZ- консултантинг, Белгија, преку кои е обезбедена техничка помош за реализација на проектната активност, а во рамките на проектот за поврзување локални патишта преку Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. 

-Денеска во Делчево се одржа првиот состанок и работилница на која пред присутните претставници од Општина Делчево и предложените членови на Работната група за подготовка на стратешки документи беше претставен проектот, неговите цели и начинот на имплементација. Проектот предвидува три активности: изработка на водич за операционализација на институционалните промени, формирање локално тело за унапредување на безбедноста во сообраќајот и обука за унапредување на безбедноста во сообраќајот, информираа од Општината.

Локалното тело за безбедност во сообраќајот како што додадоа од Општина Делчево ќе треба да работи и на подготовка на стратешки документ – стратегија за безбедност во сообраќајот.

-Освен стратегијата ќе се подготви и акциски план и оперативни документи (годишна програма за работа) кои ќе бидат базирани на анализа која ќе ја земе предвид Директивата на ЕУ 96/2008 и 2019/1936 за управување со безбедноста на патната инфраструктура и со фокус на управување со црни точки (идентификација и приоритизација), инспекција/ревизија на безбедноста во сообраќајот, дизајн на безбедни патишта/улици, високоефикасни евтини мерки за безбедност во сообраќајот, мерки за смирување на сообраќајот, дизајн на патишта кои поминуваат низ населено место, дизајн за ранливи ученици во сообраќајот, пристап за приоритизација и буџетирање на интервенции итн, додадоа од Општина Делчево.

Со имплементацијата на овој проект оттаму  Делчево очекуваат во голема мера да се придонесе за подобрување на капацитетите за управување со сообраќајот на локално ниво.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*