Преку донација од Општина Раденци ќе се подобруваат комуналните услуги во Берово

Денеска во посета на Берово е делегација од Општина Раденци, Република Словенија, кои донираа товарно возило за потребите на Јавното претпријатие ,,Услуга” Берово, за подобрување на комуналните услуги. Во својата изјава градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, изрази благодарност до својот колега од Општина Раденци, Роман Лељак, за големата поддршка која ја пружа словенечката Општина во унапредување на општинските услуги во Берово.

-Сакам  да истакнам голема благодарност за донираното возило и за беспрекорноста во постапката. Благодарноста ја упатувам до градоначалникот Роман Лељак, до словенечкиот народ и секако до сите, кои дадоа свој придонес за возилото безбедно да стигне во Македонија. Ова е една исклучително важна донација, со која се олеснува комуналниот сервис на услуги кон граѓаните на општина Берово и воедно прва донација на општината, во 2023 година. Во текот на денешниот ден ќе бидат завршени и  царинските услуги и веќе од утре возилото како што ќе биде ставено во употреба и во служба на граѓаните на Општина Берово, рече Пекевски.

Преку ваквиот начин на соработка како што додаде Општината секогаш ќе се стреми кон унапредување на состојбите на локално ниво, со акцент на комуналниот сервис.

Градоначалникот на Општина Раденци, Roman Leljak, упати благодарност за топлиот прием, истакнувајќи дека по втор пат е во Берово и дека тука се чуствува пријатно. 

-Донацијата која ја дадовме на Општина Берово е резултат на соработка на 10 помали општини во Република  Словенија, а ние како општина направивме онолку колку што можевме за Берово да ги подобри комуналните услуги за граѓаните. Секако дека најважно од се е да шириме пријателство, да се дружиме и да го споделуваме тоа и со жителите од двете општини, рече Лељак.

Благодарност за донираното возило упати и директорот на ЈПКР ,,Услуга“ Берово,  Илија Рунтевски, кои ќе бидат крајни корисници на донацијата, кој истакна дека со ова возило, јавното претпријатие ќе обезбеди подобар сервис кон граѓаните. 

Во делегацијата од Општина Раденци, во посета на Берово, се и заменик градоначалнкот на Раденци,  претставници од проектна единица во општината,  секорот за туризам, спорт и култура, кои со претставниците на институциите на локално ниво, од Берово,  разменија мислења и искуства и разговараа за можноста за соработка.

Во рамки на посетата делегациите од Словенија и Општина Берово ја посетија и улицата Жан Кофол, која го носи името на словенечкиот пожарникар кој беше еден од најактивните учесници во гаснењето на пожарите во 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*