
Општина Берово на својата веб страница постави анкета ,,Кој сакате да учествува на ЕТНО плоштад фестивалот 2023 година” на веб страната на Општина Берово. Анкетата е поставена од десна страна, на отварање на општинската веб страна, а притоа поставени се имиња на неколку музички ѕвезди за кои граѓаните можат да гласаат.
-Почитувани граѓани на Општина Берово,
Со цел, целосно, транспарентно и отчетно работење на општина Берово, Ве известуваме дека на веб страната на Општина Берово www.berovo.gov.mk , е поставена анкета за тоа: Кој сакате да учествува на ЕТНО плоштад фестивалот 2023 година?, се вели во објавата на Општина Берово.
Притоа, понудени се следниве музички ѕвезди:
Саша Ковачевиќ
Даниела Мартиновиќ
Петар Грашо
Јелена Розга
Жељко Самарџич
По истекот на 5 денови од анкетата, со музичката ѕвезда, која што ќе освои најголем број гласови, доколку не постојат некакви пречки, ќе биде склучен договор за ангажирање за време на ЕТНО плоштад фестивалот 2023 година, додаваат од Општината.
Изразија надеж дека граѓаните ќе го донедат правиот избор со што Берово ќе понуди одлична програма и многу забава за време на ЕТНО Плоштад фестивалот 2023 година.

Leave a Reply