
На граничниот премин Делчево од 19 часот синоќа до 07:00 утрово само двајца државјани влегле го поминале граничниот премин Станке Лисичково – Делчево. Како што соопштија од Регионалниот центар за гранични работи Исток поголеми групи граѓани кои се најавени дека ќе присуствуваат на одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев на овој граничен премин не се забележани, потенцирајки дека од 6 до 8 часот утрово ниту еден бугарски државјанин не ја поминал границата.
Во моментот до 07:00 часот како што информира дописникот на МИА само две возила со бугарски регистерски таблички во кои се наоѓаат бугарски државјани чекаат за влез во Република Северна Македонија.
-Тргнати сме за Делчево, имам закажано на заболекар, не ме интересира тоа за Гоце Делчев, тргнат сум по работа, вели еден од анкетираните.

-Ние сме Бугари, ама преку ден сме во Македонија, скоро 20 години поминавме тука, си земаме јадење. На граница слободно минуваме без проблем, а тоа другото е политичка работа, ние сме тргнати да завршиме работа, вели граѓанин на Бугарија.
Во Делчево за денес во 10 часот е најавено положување цвеќе пред споменикот на патронот Гоце Делчев, каде од претходно од Општина Делчево најавија дека не се најавени гости од други држави.
Leave a Reply