ЈЛБ ,,Илинден” Делчево со нов начин на издавање книги

Од денес ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, како што информираше директорката Биљана Петровска започнува со издавање на книги на пулт. Нашите читатели нема да можат како до сега да влегуваат во примоиздајно дделение, додаде таа.

На овој начин функционираат скоро сите библиотеки во државата, ова е нешто што на нашата библиотека и недостасуваше и еве за прв пар започнуваме да издаваме книги на овој начин.

Читателите можеби ќе немаат директен контакт со книгите, но ќе можат да ја користат нашата аликација на нивниот мобилен телефон и да видат дали некој наслов го имаме или немаме.

Библиотекарите секако се тука да им понудат што е ново и инересно и да им помогнат во изборот на секаков вид на литература, рече Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*