В недела на Голак пригодна програма за годишнината од Февруарскиот поход

По повод одбележувањето на 79 години од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 12 февруари 2023г. (недела) на планината Голак.

Во рамките на одбележувањето ќе биде положено свежо цвеќе на спомен-плочата којa го чува споменот за успешно изведената воена операција на планината Голак. Воедно, ќе се организира и традиционалниот планинарски марш во соработка со ПСК „Голак“ Делчево, а со почеток од 12.00 ч. во партнерство со „Бравура кооператива“, ќе се организира музички хепенинг со настап на ди-џеи и фолклорни друштва, каде се очекува и поголемо присуство на гости.

Тргнувањето за учесниците на планинарскиот марш е планирано во 8.00 часот на 12.02.2023 год од пред Спомен-домот АСНОМ, а маршот ќе биде со следната маршрута: Делчево-Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“-детско одмаралиште-шумска зграда. Патеката е долга 20 километри (во двата правци).

Тргнувањето за учесниците на настанот е во 10.00ч од пред Спомен-дом АСНОМ.

Пријавување за учество на планинарскиот марш кај лицето Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“, на тел 070/605-137 или во Општина Делчево на тел. 033 411 550.

Програма за  12.02.2023 година (недела)

08:00 часот – Планинарски марш (Тргнување од пред Спомен-домот АСНОМ).

10.00 ч- превоз на учесници и посетители на Голак (тргнување пред Спомен-домот АСНОМ)

11:30 часот –  Свеченост по повод 79-годишнината од Февруарскиот поход (спомен-плоча).

12:00 часот – музички хепенинг „Го сакам Голак“ (игралише на Голак)

14:00 часот: Враќање на учесниците

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*