Доброволци од Делчево пријавени за помош во загрозените подрачја во Турција и Сирија

Неколку доброволци од Делчево се наоѓаат на прелиминарниот список на доброволци во Центарот за управување со кризи, за пружање помош во загрозените подрачја од земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија.

Како што беше кажано во рамки на дискусијата на вонредната Седница која денес ја одржа Советот на Општина Делчево, доброволците веќе се наоѓаат на споменатиот список, подготвени да дејствуваат веднаш штом ќе бидат повикани.

Од она што го имаме како информација на списокот на здравствени лица кој е подготвен да замине во Турција и да помогне по страотниот земјотрес кој ја погоди оваа земја се наоѓа и пратеничката Соња Михаиловска од Делчево.

Конкретната информацијата за тоа колку доброволци досега пројавиле интерес за помош на населението во двете земји може да ја слушнете на 9-тата минута во видеото подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*