Театарската претстава ,,Грета” на 22 февруари во М.Каменица

“ГРЕТА”-ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА,12+

Почитувани,КИЦ Романса Македонска Каменица заедно со театар Златен Елец ве канат на театарската комедијата”ГРЕТА” која ќе се одржи во Домот на Културата во Македонска Каменица

-среда,22.02.2023 година

-почеток 19 часот

-влез: 100 денари

Со „Грета“ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.

Режија и адаптација: Тамара Стојаноска

Извршен продуцент: Бобан Алексоски

Продукција: Театар „Златен Елец“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*