ППК ,,Зегин” со повеќе освоени медали успешно се претстави на Државниот мастер турнир во пинг-понг

Викендот што помина пингпонгарите на ППК „Зегин“ од Берово го крунисаа со неколку медали на државните мастерс турнири во пинг понг кои се одржаа во Прилеп. Саботата клубот од Берово на државните мастерси У 11 и У 19 во , освои два бронзени медали, Јован Пармачки во У 11 и Изабела Ковачовска во У 19. Во Неделата се играше категорија У 13 и клубот Зегин од Берово доминантно ги освои двата пехари во машка и во женска конкуренција и бронза во женска. Кристијан Каламадевски без загубен сет, со голема доминација во сетовите го подигна пехарот, додека Моника Стајковска, која иако една недела болна, без тренинзи, со 39 температура, која одвај стоеше на нозе, покажа дека е ментално најстабилното дете. Без проблеми, рутински со своите противници, стигна до пехарот.

Сара Ризовска пак се закити со бронзен медал и не фалеше многу да имаме Беровско женско финале. Дина Куќевич Колевска за жал за влакно испушти бронза, за успехот да биде уште поголем. Јован Пармачки одличен со повозрасните противници.

Успесите кои ги постигнаа нашите пингпонгари, не останаа незабележани од нивниот покровител и најголем подржувач на клубот Благој Механџиски Зегин, кој организираше срдечен дочек на децата и родителите во ресторант Мис Стон, каде освен честитките за успесите, се разговарало за следните напредни чекори во клубот, од кои една е официјализирање на понг понг академија ,, Зегин Берово”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*