Продолжува доопремувањето на делчевските пожарникари

Се подобрува опременоста на делчевските пожарникари за справување со пожари на високи објекти и во урбана средина. Денеска од Швајцарија пристигна и втората професионална скала за противпожарни интервенции на високи објекти за потребите на ТППЕ Делчево со што се закружува вкупната донација од Противпожарното друштво од Шерне –Швајцарија која се состои од две скали за гасење пожари високи по 22 метри и моторна пумпа со голема моќност за испуштање вода при поплави со што значително се подобрува опременоста на делчевските пожарникари.

Изразувам голема благодарност за поддршката од нашите пријатели од Швајцарија.

ТТПЕ-Делчево за прв пат добива ваков вид опрема која е во насока на подобрување на ефикасноста на работењето на пожарникарите, посебно при интервенции на високи објекти.

Инаку, ова е втора странска донација за Територијалната противпожарна единица од Делчево. Претходно делчевските пожарникари добија две противпожарни возила –донација од Доброволното противпожарно друштво на словенечкиот град Чрномељ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*