Во Берово се зајакнуваат ресурсите за поефикасна комуникација на службите на локално ниво

Во рамки на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, денеска во Берово се одржа работна сесија за подобрување на внатрешната комуникација и проток на информации. Во рамки на сесијата како што информираа од Општина Берово дадени се предлози за надминување на иденификуваните предизвици како дел од овој проект.

-Во рамки на сесијата разговарано е како може да биде поефикасна внатрешната комуникација и за тоа колку е важна  тимската работа и споделување на тимските вредности. Беа продискутирани и тековните предизвици поврзани со протокот на информации и документи во општинската администрација, а дефинирани се препораки за подобрување и зајакнување на соработката меѓу одделенијата во општината, како и меѓу општинските службеници на различни нивоа, информираа од Општината.

Специјалистот за градење на капацитети, контрактор на УСАИД, д-р Вирна Манасиева-Герасимова, пред присутните ги презентираше можните решенија за подобрување на внатрешната комуникација.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој зеде учество на настанот изрази благодарност до УСАИД, кој преку  реализацијата на вакви проекти, во голема мера влијае на зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите со цел унапредување на состојбите на локално ниво.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*