,,Произведи храна во склад со природата” – нов проект на здружението ,,Аронија” од Делчево

Здружението на производители на органски производи „Аронија” од Делчево, започна со имплементација на проектот ,,Произведи храна во склад со природата и допринесувај во справување со климатските промени”.

Проектот има за цел проектирање и имплементација на биолошките методи со користење на природните ресурси во производството на био храна на фарми со перма култура. 

Претседателот на здружението ,,Аронија”, Фиданчо Христов истакна дека во рамки на имплементацијата на проектот ќе биде воспоставен систем за искористување на растителниот отпад од домаќинствата и негова употреба во производството на био храна, а ќе се реализира и едукација на младите за справување со влијанието на климатските промени, преку воведување на пермакултурата и користењето на природните ресурси за производство на био-храна.

-Главни активности преку кои ќе се остварат овие цели се: Реализирање на иновативна технологија за подобрување на производство на храна преку искористување на природните ресурси и растителниот отпад, Воспоставување на 5 био фарми со модели на перма култура за производство на био храна, Одржување на 5 онлајн едукации за примена на перма култура, Поставување на 5 контејнери за селекција на растителен отпад активностите од проекто, како и изработка на видео за активностите од проектот и постигнатите резултати, рече Христов.

Мотивациско градинарство во склад со природата како што додаде претседателот на ЗГ ,,Аронија” е иновативен пристап во производството на био храна во кој производителите користат природни ресурси за исхрана, прехрана и биолошка заштита на растенијата.

-Мотивационо градинарство, е производство на храна каде континуирано се произведува храна преку целата година со изработен проект за перма култура со кој се збогатува хранливата вредност и структурата на почвата. Сето тоа придонесува да се зголеми продуктивноста на малите фарми и производителите постепено се повеќе да ја подобруваат својата благосостојба. Постигнатите резултати од проектната акција даваат дополнителен стимул на самите фармери да ги зголемуваат површините под пермакултура, додаде Христов.

Воспоставувањето на фармите со пермакултура очекува да биде поттик и на други производители на храна да почнат да ги користат перма моделите во производството на биохрана.

-Производството на био храна со примена на моделите на перма култура, претставува индивидуален отпор на хемиската идустрија. Со индивидуалниот отпор се намалува употребата на хемиските средства во земјоделското производство на храна кое допринесува во зачувувањето на животната средина и на планетата Земја, потенцираше претседателот на делчевското здружение.

Со отпочнувањето на проектните активности петте фармери стануваат членови на првата онлајн градинарска заедница. Како дел од проектот во наредниот период во Делчево ќе бидат одржани серија на обуки на кои едукатор и ментор е Билјана Бановиќ која има 15 годишно искуство како едукатор за производство на храна со методи на перма култура и која ја води Првата регионална онлајн градинарска заедница Траг биљке која опфаќа 156 гардинари од 110 градови, 11 држави и два континента.

Според планираното по завршувањето на проектот учесниците добиваат бесплатни консултации преку целата година, а на една од фармите ќе продолжи да се одржуваат обуки заедно со менторот на други заинтересирани страни, се со цел да се зголеми бројот на земјоделци кои ги применуваат методите на перма култура во производството на био храна.

Проектот ,,Произведи храна во склад со природата и допринесувај во справување со климатските промени” ќе трае до 31.07.2023. Истиот финансиски е поддржан од Центарот за истражување и информирање за животната средина EKO-CBECT од Скопје, и е под грант од Проектот „Граѓанските организации 33 климатска акција” кој е финансиски поддржан од Владата на Шведска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*