Закажана 20-тата Седница на делчевскиот Совет

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 28.02.2023 година, донесe

РЕШЕНИЕ

за свикување на 20. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

I

            Ја свикувам 20. редовна седница на Советот на ОпштинаДелчево.

Седницата ќе се одржи на 06.03.2023 (понеделник) со почеток во 07.30 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

  1. Предлог-Одлука за сопствено финансиско учество за проект „Реконструкција на стар пат со краци кон село Ѕвегор-општина Делчево;
  1. Предлог-Одлука за сопствено финансиско учество за проект „Набавка на машина за метење и одржување на јавен простор“;

Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за локален економски развој

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Број 09-513/1
28.02.2023година
Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*