
Во недела се игра 12-тото коло во Третата фудбалска лига во која две екипи го откажаа своето учество, Фудбалскиот клуб ,,Брегалница Делчево” и ФК Победа – Валандово.
Прашањето кое по ова неминовно се поставува е дали згаснува фудбалот во Делчево, одговор кој во моментот го немаме, а наскоро некој ќе мора да го соопшти.
По оваа вест за откажувањето од понатамошните настапи на „Победа“ (Валандово) и „Брегалница сениори“ (Делчево) повеќе од јасно е дека Третата фудбалска лига Исток ќе продолжи со десет екипи.
Во продолжение се потсетуваме на головите токму од натпреварот Брегалница – Победа, двете екипи кои се откажаа од понатамошен настап во Третата фудбалска лига – Исток
Leave a Reply