Кадетките на РК Делчево” поразени од РК ,,Деспина”

ЖРК Деспина-ЖРК Делчево 37:34 (17:15).

Денес во Прилеп одличен натпревар на нашите кадетки, кои и покрај одличната игра во текот на целиот натпревар се враќаат поразени од секогаш тешкиот терен во Прилеп.

Пресудни според информациите на тренерот Горан Велков биле последните 3 минути кога беше исклучена една од најдобрите наши ракометарки Јана Петровска (10 гола), која доби незаслужено црвен картон и моравме да играме со играч помалку при што домаќинките го искористија моментот и бодовите останаа во Прилеп. Уште еден поединец во нашата екипа, а воедно и најдобар стрелец на натпреварот, Јована Димитровска, (11 гола) имаше свој ден, но тоа не беше доволно за победа, истакна Велков.

Следниот викенд делчевки на домашен терен ќе ја угости екипата на Струма од Струмица, а исто така наредната недела започнуваат и натпреварите во младинската лига, во кои делчевки ќе бидат домаќини на одличната екипа на Ѓорче Петров од Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*