Излезе од печат книгата ,,Море од скршени срца” од роднокрајниот автор Филип Стоименовски

Излезе од печат книгата ,,Море од скршени срца” од младиот роднокраен автор Филип Стоименовски од Македонска Каменица. Младиот автор со пишување се бави упте од најрана возраст, а ова е негово прво публикувано дело.

Поголемуот број дела кои ги има напишано се за љубовта секојдневниот живот, ги има стотина на број, а фотографиите во книгата се дело на неговата сограѓанка Климентина Соколовска.

Книгата е издадена со поддршка на Културно-информативниот центар ,,Романса” од каде најавија понатамошна поддршка и на други автори.

-КИЦ ,,Романса” Македонска Каменица продолжува со подршка на роднокрајните автори од општина Македонска Каменица. Филип Стоименовски кој е ученик во С.О.У. “Миле Јаневски-Џингар” го доби своето прво издание “Море од скршени срца” и му посакуваме успех понатаму со можност да продолжи со пишување, додадоа од КИЦ ,,Романса”.

Промоција на книгата на младиот роднокрајниот автор како што додадоа од каменичкиот Дом на култура ќе биде промовирана во текот на овој месец.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*