
Ветрен – село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево. Северните маала на селото се сместени во истоименото село во Бугарија, со што тоа претставува единствено населено место кое е поделено меѓу двете земји.
Ветрен се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево и граница на неговиот атар делумно претставува државната граница со Бугарија. Селото е планинско и е сместено на надморска височина од 910 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 14,8 км2.

Во почетокот на XX век, Ветрен било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште се простира на површина од 542,7 ха, шумите се на површина од 527,8 ха, додека на пасишта отпаѓаат 347,4 ха.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ветрен живееле 96 жители, сите Македонци христијани.

По податоците на Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 104 жители Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 114 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 80 жители, од кои 69 Македонци и 11 лица без податоци.
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Ветрен:

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Киселица во склоп на Делчевската околија.

Во селото постои избирачко место бр. 0594 според Државната изборна комисија.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 94 гласачи.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.


Leave a Reply