
Во Општинското основно училиште „Ванчо Прке“ во Делчево во тек реконструкција на санитарните јазли. Во рамки на реконструкцијата со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука, за прв пат изградени се и тоалети наменети за лицата со посебни потреби.
Вредноста на инвестицијата како што информираа од Општината е 6,6 милиони денари денари.
-ООУ ,,Ванчо Прке” е единственото училиште во Делчево, каде се изградија тоалети за ученици со посебни потреби. Во рамките на проектот за реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, финансиски поддржан од МОН, покрај реконструкцијата и промената на водоводната инсталација, поставувањето нова санитарна опрема и плочки во сите 12 тоалети во училиштето, се изградија и два тоалети за ученици со посебни потреби, истакнаа од Општината.

Увид во завршните градежни работи денес направи градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека реализацијата на овој проект се решава горливиот проблем со санитарните јазли во училиштето, а значително се придонесува и за подобрување на хигиенските услови во училиштето.

-Ме радува фактот што раководството на учлиштето максимално се вложува за да се овозможат современи услови за настава и работа. Училиштето е изградено пред 50 години и сите проекти кои се реализираат досега и оние кои менаџментот на училиштето со наша поддршка ги планираните за наредниот период, се во таа насока, истакна Трајковски.

Директорот на училиштето Горан Велков потенцираше дека градежните работи за реконструкција на санитарните јазли во училиштето треба да завршат до крајот на овој месец, а со подобрување на временските услови ќе продолжи и изградбата на енергетско-ефикасната фасада на училиштето што ќе донесе и поголема заштеда на енергија и помалку трошоци за греење на училиштето.
Leave a Reply