
Сакаме да ја информираме јавноста дека како фудбалски клуб, финансиски ја имаме подмирено котизацијата за натпреварување во Третата фудбалска лига-Исток и имаме однапред обезбедена финансиската конструкција за исплата на надомест кон играчите, што не било случај во ниедна сезона во минатото.
Ангажирано е ново стручно лице за тренер кој ке работи со сениорската екипа. Воедно сме известени од страна на Општина Делчево дека со одлука на Комисијата за спорт во рамки на Советот, а по претходно наше доставено барање, со решение, едногласно е доделена финансиска помош од 290.000 денари, за што сме благодарни.
Фудбалскиот клуб Брегалница од Делчево продолжува со својата работа со полн капацитет во сите категории, од најмладите, па се до сениорската екипа, активно натпреварувајки се во своите лиги.
Напоменуваме дека како клуб од секогаш сме ги бранеле единствено боите на фудбалскиот клуб и никогаш не сме дозволиле политиката да прави поделби во нашите редови, затоа молиме и овојпат да не се злоупотребува името на фудбалскиот клуб за партиски цели!
Ги повикуваме сите искрени љубители на спортот, да дадат подршка и да помогнат клубот повторно да ги достигне фудбалските височини. Воедно ги повикуваме и сите “загрижени” граѓани кои споделија свои ставови на социјалните мрежи, овојпат активно да се вклучат и да помогнат секој на свој начин и во рамките на своите можности.
Брегалница се сака и се поддржува на трибините на Градскиот стадион, радувајки се на секој постигнат гол и на секој освоен бод!
Изразуваме и овојпат искрена и голема благодарност до сите фирми кои беа со нас и во пролетниот дел од сезоната, се надеваме дека ке успееме да Ви се оддолжиме со постигнати успеси во иднина.
Спортски Поздрав
ФК Брегалница Делчево

Leave a Reply