
Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, од денеска е побогата за околу 200 наслови, книги на англиски јазик. Книгите како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска се донација од наши иселеници од Австралија.
-Книгите се донација на нашите иселеници, Кире и Виолета Атанасовски, кои веќе 20 години живеат во Мелбурн, Австралија.
Станува збор за сосема нови книги купени во Австралија и испратени на ЈЛБ„Илинден“- Делчево. Од мое лично име и од име на библиотеката, огромна благодарност до Атанасовски, се надеваме дека кога ќе дојдат во родното Делчево, ќе ја посетат нашата библиотека, ќе поразговараме и лично ќе им се заблагодариме за оваа донација, истакна Петровска.
Овие книги на англиски јазик како што додасе се голема радост за сите во библиотеката, а особено за помладите членови кои сакаат да читаат на англиски јазик.
Книгите ќе бидат обработени во следните неколку дена и ќе бидат достапни до сите читатели.
Leave a Reply