Пред осмомартовско дружење со најмалите во ЈЛБ ,,Илинден”

Пред осмомартовско, прекрасно, весело и насмеано утринско расположение во ЈЛБ„Илинден“-Делчево.

Дечињата од детската градинка „Весели цветови“, предшколска група, утрово ја посетија библиотеката и за сите вработени припаднички на понежниот пол во ЈЛБ„Илинден“ имаа подароци,честитајќи го меѓународниот ден на жаната.
Пред вработените во библиотеката, дечињата пееја во чест на денот на жената.

Од срце им благодариме за сите прекрасни рачни изработки кои ни ги подарија дечињата заедно со нивните: Весна Поповска –воспитувач и Елена Михаилова и Љубинка Гоцевска- негователки.
Ви благодариме што се сетивте на нас, што благодарение на вас денот ни започна убаво, среќно и насмеано, истакна во својата изјава директорката Биљана Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*