
По повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената, Културно-информативнот Центар – Романса од Македонска Каменица денес организираше изложба на ликовни цртежи изработени од ликовната секција во рамките на Домот на Културата. Ликовната изложба ја отвори наставникот по ликовна секција Климентина Соколовска заедно со учениците од ликовната секција.
Потоа во големата сала се одржа литературно читање на поезија од роднокрајни автори, а гости на овој настан беа Миле Ѓорѓијоски и Христина Деолска, како и претставници од експерименталното театарче од Делчево.
Во продолжение изјавите на учесниците и дел од реализираните активности во рамки на овој настан.
Leave a Reply