Објавена јавната набавка за реконструкција на локалниот пат до с.Стамер

Општина Делчево ja објави јавната набавка за избор на најповолен понудувач за изведувач на работите по проектот „Реконструкција на локалниот пат Л-14 Делчево-с. Стамер“.

За реализација на набавката се обезбедени парични средства во висина од 5.800.000,00 денари преку Министерство за транспорт и врски, односно 4.915.254,00 денари без ДДВ, распределени согласно со Одлука донесена од страна на Владата и по склучен Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на извршена исплата на финансиски средства склучен помеѓу Министерство за транспорт и врски и Општина Делчево.

Договорот за јавна набавка ќе се додели со спроведување на Поедноставена отворена постапка за набавка на работи, а доделувањето на договорот за јавна набавка е врз основа на економски најповолната понуда која се утврдува врз основа на цената.

Согласно со проектот предвидена е реконструкција на локалниот пат во должина од 1,3 км, односно од клучката од регионалниот пат до влезот на селото, а предвидената ширина на патот е од 3,5 м со банкини.

Отворањето на понудите е на 22 март во 9.00 ч. на електронскиот систем на јавни набави.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*